Карневалското дефиле како настап кој со својата атрактивност му дава посебен белег на целокупната манифестација Тиквешки гроздобер ке се организира традиционално во недела на 12.09.2004 со почеток во 12.00 часот. На карневалската процесија ке продефилираат во еден ново-поставен осмислен настап, низ кој ке провејуваат белезите, обичаите и обележјата на винарството кое е традиционално за тиквешкиот крај. Карневалското дефиле ке се одвива низ централнот градско подрачје, проследено со оркестри и фолклорни настани од групи на учесници од градот и од збратимените општини на град Кавадарци на меѓународно ниво. Најголем број на учесници се од редовите на Кавадаречките ученици од основните и средните училишта како и од детските предшколски установи, градските спортски друштва како и маски и поставки од поширокото граѓанство. Дефилето и карневалските поставки се движат до местото каде симболишно и кореографски поставено се откинува првиот грозд со што се означува почетокот на сезоната на бербата на грозјето и преработката во вино и други алкохолни и безалкохолни пијалоци. Карневалот како традиционална атрракција секоја година зема се поголем замав не само според бројот на учесниците кој патем оваа година ке ја надмине бројката од 1500 туку и импонира со својот колорит и симболика како и со прекрасно изготвениот мизасцен и настап на учесниците. Како таков Карневалот веке предизвика голем интерес не само кај посетителите како и кај Светската Карневалска асоцијација која ке присуствува на Карневалското дефиле и веке го вбројува во својот календар на светски познати карневалски процесии. што се однесува до Вас драги посетители беспредметно е да се опишува она што може само да се доживее како посетител и затоа ја користиме оваа прилика од името на организацискиот одбор на манифестацијата и во името на градоначалникот на општината да присуствувате и да ја збогатите нашата забава како наши гости.