Во рамките на одбележувањето
на 7-ми септември како општински празник, оваа година општината ке слави
60 годишен јубилеј од ослободувањето на Град Кавадарци. По тој повод,
во организација на Градоначалникот и на советот на опШтината ке се превземат
активности за достојно одблележување на јубилејот и во тие рамки организирање
на традиционалниот Тиквешки Гроздобер 2004. Деновите на празнување ке
траат 7 дена а ке започнат од 06.09.2004 понеделник до 12.09.2004 недела.
По повод јубилејот, за 60 годишниот развој и расте` на Кавадарци се предвидува
презентација преку видео бим на стопански субјекти и на ли~ности кои дале
посебен придонес за издигнувањето на градот во сегашни рамки како и промоција
на монографија ,,Кавадарци 1944-2004,, Деновите на празнување ке се искористат
и за презентација на актуелната определба на општината Кавадарци согласно
со новите децентрализациски трендови, а се однесува на презентација на
Винскиот туризам, како област коренито поврзана со Кавадарци и Тиквешијата
и особено поттикнување на мини винарските визби. Сето досега ка`ано ке
биде збогатено со многу културни содр`ини и богата културно уметничка
програма пропратена со мноштво на изложби и тоа, изло`ба ,,Кавадарци 1944-2004,,
ч етнолошка изложба со народни носии од тиквешијата, изложба ,,ретроспектива
на гроздобери од 1964-2004. Освен тоа програмата се збогатува со фолклорни
настапи од збратимени градови на град кавадарци и тоа три вечери под знамето
на манифестацијата ,,оро без граници,,. Ке има и концерти на класична
и забавна музика, спортски натпревари и вечери на серенади.